НВО Инфоцентарот, на 29 април 2015 година, среда, во ГЕМ Клубот (Менада), во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот, ќе организира дебата на тема: Која е цената на слободата на изразување во Македонија?
На дебатата ќе учествуваат: Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, новинарите Борјан Јовановски и Зоран Бојаровски, како и активистите Никола Наумоски и Славчо Димитров. Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот,
Главен акцент во дискусијата ќе биде ставен на актуелната состојба со слободата на изразување, слободата на здружување, слободата на информирање и секако, состојбата со говорот на омраза во Република Македонија.
Дебатата се организира во рамките на проектот „Има ли слобода на изразување во Македонија?’’ на НВО Инфоцентарот, а е дел од иницијативата Мрежа 23, финансирана од Европската унија.