e-POKANA za debata_26.12.2014

Дебата „Кој профитира од економскиот раст во услови на растечка нееднаквост на граѓаните?“

на дек 25, 14 • од

На 26 декември 2014 година (петок), во ГЕМ клубот во Стара чаршија, со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата на тема „Кој профитира од економскиот раст во услови на растечка нееднаквост на граѓаните?“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Дебата „Кој профитира од економскиот раст во услови на растечка нееднаквост на граѓаните?“

На 26 декември 2014 година (петок), во ГЕМ клубот во Стара чаршија, со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата на тема „Кој профитира од економскиот раст во услови на растечка нееднаквост на граѓаните?“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.

Јазот помеѓу сиромашните и богатите во Македонија расте. Повеќе од една третина од вкупниот доход во економијата оди во рацете на најбогатите 10%, додека најсиромашните 10% од популацијата користат само 2% од доходот. И покрај растот на економијата во време на криза,  кај семејствата со три и повеќе деца, сиромаштијата продолжува да расте. Тоа укажува дека најголем бенефит од растот има богатата класа, а сиромашните уште повеќе осиромашуваат.

Дали висината на економскиот раст или неговата распределба е клучната тема за нашето општество? Дали рамниот данок го потпали фитилот на нееднаквоста? Дали се потребни долгорочни политики за побрзо излегување од сиромаштија? Дали се потребни коренити промени во даночната и социјалната сфера за намалување на сиромаштијата и нееднаквоста?

Говорници на дебатата ќе бидат Марјан Петрески од Универзитет Американ Колеџ Скопје, Маја Геровска Митев од Филозофски факултет, Скопје и економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ. Модератор ќе биде Ида Протугер Вељковиќ.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top