На 22 октомври 2020 година, НВО Инфоцентарот одржа дебата за тоа како да се постигне ефикасен и независен модел на инспекции во скопските општини.
Дебатата привлече голем интерес и во неа беа вклучени 30-тина учесници: 4 градоначалници – Град Скопје, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар; Инспектори од различни скопски општини – Аеродром, Центар, итн.; Претставници од Министерството за локална самоуправа, Државен инспекторат за локална самоуправа, Инспекциски совет; Извршната директорка на ЗЕЛС, како и 15-ина медиуми.
Дискусијата беше живописна и сите панелисти изјавија дека ова е едно од клучните прашања за функционирањето на општините. Сите панелисти се согласуваат дека постои голема потреба за реформа на постојниот систем на локален инспекциски надзор во Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје беше најгласен во врска со следните чекори кон реформите и тој силно се залага локалните инспекторати во Скопје да бидат обединети со цел да бидат ефикасни и ефективни.
Сите панелисти сметаат дека реформите можат да започнат наскоро и доколку постои политичка волја тие можат да се случат пред следните локални избори.
Кога станува збор за интересот на медиумите, регистриравме 70 написи за медиумите за најважните моменти на дебатата и тоа, во околу 30 разлиучни медиуми – ТВ, весници, информативни портали, итн.
Дебатата беше организирана во рамки на проектот: „Граѓански мониторинг на локалните инспекторати“ поддржан од Амбасадата на САД.