pesevski1

ЦРМ: Пешевски итно да поднесе неотповиклива оставка!

на јул 16, 15 • од

Центарот за развој на медиуми бара од Владимир Пешевски, заменик на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, да поднесе итна и неотповиклива оставка по вчерашниот физички напад врз сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски – Политико...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » ЦРМ: Пешевски итно да поднесе неотповиклива оставка!

Центарот за развој на медиуми бара од Владимир Пешевски, заменик на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, да поднесе итна и неотповиклива оставка по вчерашниот физички напад врз сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски – Политико.

ЦРМ потсетува дека на министерот Пешевски, како и на сите останати избрани или именувани функционери, обврската да бидат отчетни и да одговараат на прашања на јавноста не се исцрпува со организирање на таканаречените „тематски“ конференции за печатот или со одговарање на пратенички прашања во Собранието на РМ. Притоа, треба да биде свесен и дека со назначувањето на функцијата, се откажал од најголемиот дел од сопствената приватност.

Пешевски, како и сите останати избрани или именувани функционери, мора да биде подготвен на прашањата на претставници на јавноста, без разлика дали се работи за новинари, граѓански новинари или обични граѓани, да одговара секогаш и секаде, а особено ако се наоѓа на јавно место.

Вчерашниот инцидент во кој Пешевски се обиде физички да се пресмета со Ивановски го сметаме за апсолутно неприфатлив и бараме негова неодложна и неотповиклива оставка.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top