mrt 4(1) (1)

ЦРМ: МРТ останува нетранспарентна и под контрола на власта

на јул 24, 15 • од

Составот на новиот Надзорен одбор на МРТ покажува дека дури петмина од избраните седум кандидати се вработени во државни институции, а од нив двајца доаѓаат од канцеларијата на Претседателот на Владата. Ваквиот состав претставува директна контрола на власта врз работата на МРТ и директно нарушување на неговата самостојност и независност...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » ЦРМ: МРТ останува нетранспарентна и под контрола на власта

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во периодот април – јуни 2015 година, ја набљудуваше работата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и работата на Македонската радиотелевизија (МРТ), во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера.

Јавниот радиодифузен сервис и натаму е крајно нетранспарентен и затворен спрема граѓаните и јавноста. МРТ, многу малку или речиси воопшто не објавува материјали и документи за своето тековно работење, иако за тоа има законска обврска. На интернет страницата на МРТ не може да се најдат документи за изборот и именувањето на директор, заменик- директор и надзорен одбор, нема дневни редови и записници од седниците на Програмскиот совет, а не се објавуваат ниту одлуките што ги носат раководните органи во МРТ. Исто така, раководството на МРТ, досега, не одговори на ниту едно барање на Центарот за развој на медиуми за присуство и следење на седниците на Програмскиот совет кои треба да бидат јавни.

Анализата на составот на новиот Надзорен одбор на МРТ, пак, покажува дека дури петмина од избраните седум кандидати се вработени во државни институции, а од нив двајца доаѓаат од канцеларијата на Претседателот на Владата. Ваквиот персонален состав на Надзорниот одбор претставува директна контрола на државните институции и на власта врз работата на јавниот радиодифузен сервис и директно нарушување на неговата самостојност и независност.
Програмскиот совет едногласно го разреши одговорниот уредник на Собранискиот канал и именуваше нов. За разрешувањето и именувањето нов одговорен уредник на Собранискиот канал, како и за причините за оваа измена, јавноста воопшто не е информирана и ова претставува уште еден показател за нетранспарентноста и целосното запоставување на јавниот интерес од страна на МРТ.

Мониторингот на работата на АВМУ покажа дека Агенцијата во вториот квартал од годинава, двојно ја намали својата активност и првенствено беше насочена кон подготовките за селење во новиот објект, за чија изградба и опремување планира да потроши дури 63% од вкупните приходи во 2015 година. Вака проектираните финансии недвосмислено покажуваат дека Агенцијата, годинава, многу повеќе вложува во канцеларии и мебел отколку во регулирањето на медиумската сфера.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top