Додека Западен Балкан чека да влезе во Европската Унија, програмата за поврзување помеѓу ЕУ и регионот привлекува големо внимание на потребата од градење врски меѓу луѓето.
Младите генерации од Западен Балкан имаат ограничени можности, одтаму и важноста на мобилноста на младите за градење на отворени општества, засновани врз заедничка култура, вредности, норми и солидарност.
Во глобализираниот свет, една млада личност не може да успее ако не е во можност да соработува и да работи заедно со луѓе од други земји.
Верувајќи дека интеркултурното учење и дијалог се неопходни за да се намалат предрасудите, трите организации, Влора Младински Центар од Албанија, Тимочки Клуб од Србија и НВО Инфоцентар од Северна Mакедонија, заеднички го создадоа проектот #ChallengingBorders.
Со глобалната пандемија COVID19 и со вонредните мерки, проектот #ChallengingBorders само ја зајакна намерата да ги надмине новите органичувања и предизвици, и да ја подигне мобилноста на младите на повисоко ниво, овозможувајќи им да користат нови технологии.
Погледнете ги сведоштвата од заедничкото дружење, учење и споделување искуства на младите.
Видеото е подготвено во рамки на проектот #ChallengingBorders, на НВО Инфоцентарот и партнерските организации: Влора Младински Центар од Албанија и Тимочки Клуб од Србија, финансиски поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Фондот на Обединетите нации за градење мир (UN PBF).