headlogo

БОРКА: Снимањето со ПЕТ-скен да биде на товар на Фондот за здравство

на ное 12, 14 • од

Здружението за борба против рак „Борка“ побара современата медицинска метода на снимање со ПЕТ-скен да биде на товар на товар на Фондот за здравство. Во моментов, скапата здравствена услуга ја има само во приватните клиники...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » БОРКА: Снимањето со ПЕТ-скен да биде на товар на Фондот за здравство

Претседателката на Здружението за борба против рак „Борка“, Биба Додева, на вчерашната прес-конференција побара снимањето на ПЕТ-скенот, со кое се врши дијагностика на болните од рак, да се стави на листата здравствени услуги што се на товар на Фондот за здравство. „Министерството за здравство неодамна најави дека со законски измени болните од малигни заболувања ќе добијат приоритетен третман и поттикнати од тоа, ја повторуваме иницијативата што ја покренавме уште во февруари годинава.“ изјави Додева.

Современата медицинска метода за рано дијагностицирање на рак и успешно третирање, како и следење на стадиумот на болеста и дали метастазира е достапна само во приватните клиники, по цена од илјада евра.

Според Фондот, процедурата ПЕТ-скенот да биде на државен трошок може да ја спроведе единствено Министерството за здравство, кое пак чека измена на Законот за здравствена заштита, каде не е внесена оваа метода.

ПЕТ-скенот е особено значаен кај пациентите со карцином на бели дробови и кај оние со хематолошки заболувања, каде што е потребно овој вид скенирање да биде дел од дијагностичката процедура и лоцирање на болеста за да може понатаму полесно да се одредат идните третмани. Оттаму и иницијативата на Борка, сите пациенти, а не само тие што финансиски можат тоа да си го дозволат, да имаат до оваа здравствена услуга.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top