pismodojunker-685x320

Бојкот на изборите и протести ако нема услови за фер и слободни избори

на јан 29, 16 • од

За седум месеци не се спроведоа вистински реформи кои требаше да доведат до надминување на политичката криза во Македонија е став на 78 граѓански организации, платформи и иницијативи од Македонија. Тие пред седиштето на ЕУ во Скопје јавно го прочитаа писмото, а потоа го предадоа во Делегацијата, со кое се обраќаат до Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и други меѓународни фактори, со барање да се спроведат вистински реформи за фер и слободни избори...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Бојкот на изборите и протести ако нема услови за фер и слободни избори

Извор: А1он

За седум месеци не се спроведоа вистински реформи кои требаше да доведат до надминување на политичката криза во Македонија е став на 78 граѓански организации, платформи и иницијативи од Македонија. Тие пред седиштето на ЕУ во Скопје јавно го прочитаа писмото, а потоа го предадоа во Делегацијата, со кое се обраќаат до Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и други меѓународни фактори, со барање да се спроведат вистински реформи за фер и слободни избори.

Наместо конструктивен политички дијалог меѓу власта, опозицијата и граѓанското општество, сведоци сме на донесување еднострани одлуки. Наместо владеење на правото и почитување на принципот на поделба на власта, сведоци сме на политичко самоволие и узурпирање на законодавната и судската власт од страна на извршната власт.

Наспроти барањата на Европската комисија за итни реформи, за жал, констатираме дека во последниве седум месеци:

– Не се преземени конкретни чекори за деполитизација на судството. Нема јасни сигнали дека функционира судскиот и парламентарниот надзор над УБК, ниту дека е прекинат директниот пристап на УБК за пресретнување на комуникациите. Се попречува и опструира независноста на регулаторните и надзорните тела. Нема конкретни мерки за департизација на јавната администрација. Не се преземени мерки за одделување на државните од партиските активности.

Не се испочитуваа ниту конкретните експертски препораки кои требаше да овозможат и гарантираат фер и слободни избори:

– Нема судска, ниту политичка разрешница за директното политичко влијание во изборните манипулации.

– Конституирањето на Државната изборна комисија доцнеше четири и пол месеци и оневозможи истата ефективно да ги истражи обелоденетите нерегуларности од претходните избори.

– Не се навремено адресирани недостатоците кои се констатирани во поглед на Избирачкиот список.

Граѓанските организации сметаат дека медиумската криза уште повеќе се продлабочила

– Сè уште се видливи „нездравите врски“ помеѓу главните медиуми и владиниот врв кој продолжува да ја игра улогата на главен уредник на вести во медиумите кои ги корумпира или контролира. Продолжи политичкиот притисок и заплашувањето, како и говорот на омраза и поттикнувањето насилство кон критичарите на власта. Јавниот сервис не покажува никакви знаци на непристрасно и независно известување, во функција на јавниот интерес. Медиумската криза се продлабочи и со синхронизираната смена на неколку главни уредници, сметаат грашанските организации

Според нив посебно загрижувачки се и постојаните опструкции на работата на Специјалното обвинителство, кое требаше да има целосна автономија во истражувањето и гонењето кривични дела поврзани и произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Попречувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство оневозможува ефикасна истрага за укажувањата за криминал, констатирани и во Извештајот на Прибе.

„Во услови кога не се остварени основните реформски препораки, и кога не се изведени пред лицето на правдата учесниците во изборен криминал, сметаме дека е скандалозно едностраното, самоволно и противуставно донесување одлука за одржување избори на 24 април 2016, од страна на Собранието на РМ, во отсуство на поголемиот дел од опозицијата. Не помалку скандалозно е и неосудувањето на ваквата еднострана одлука од страна на Европската комисија (што може да се сфати како поддршка на политичкото самоволие). Скандалозно е инсистирањето на датум за избори, ставањето во втор план на Итните реформски препораки и игнорирањето на апелот на голем број граѓански организации кои бараа остварување на реформите за фер и слободни избори.“, пишува во писмото.

– Токму вие повикувавте на почитување на основните вредности на кои е втемелена ЕУ, како предуслов за надминување на политичката криза во Република Македонија: „демократијата, еднаквоста, почитувањето на човековите права и владеење на правото“. Токму вие јавно повикувавте да бидат постигнати суштинските стандарди за демократско владеење, да биде обезбедена транспарентност во јавните работи, да се гарантира слободата на медиумите и да се засили борбата против корупцијата, стои во пимото што пред седиштетот на ЕУ го презентираа Ирена Стефоска од „Ајде“ и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Барањата од ЕУ на 78 граѓански организаци од Македонија претставниците на ЕУ да се придржуваат доследно до основните вредности на кои е втемелена ЕУ, за кои се тврди дека се во основата на Итните реформски приоритети и експертските препораки од Извештајот на Прибе.

– Да останете доследни во инсистирањето за спроведување ВИСТИНСКИ РЕФОРМИ ЗА ФЕР И СЛОБОДНИ ИЗБОРИ. Инсистирањето само на датум за избори, без претходно да бидат спроведени реформи за фер и слободни избори, може да доведе само до продлабочување на политичката криза во Република Македонија.

Јасно да го осудите едностраното, самоволно и противуставно донесување на одлуката за одржување избори на 24 април 2016, од страна на Собранието на РМ, во отсуство на поголемиот дел од опозицијата.

Ние граѓаните и активистите од граѓанските организации очекуваме Европската Унија и натаму да биде наш сојузник и партнер во борбата за демократизација на Република Македонија, стои во писмото

Граѓанските организации велат дека во спротивно, ќе мора да констатираат дека ЕК станала соучесник во газењето на демократијата, човековите права и владеењето на правото во Република Македонија.

„Без исполнувањето на условите за слободни, фер и демократски избори, што подразбира нужно одложување на постојниот датум, ние како граѓански активисти немаме друга опција освен да повикаме на бојкот на изборите закажани во април и на масовни протести против режимот кој продолжува да ги гази демократијата, човековите права и владеењето на правото во Република Македонија.“, пишуваат граѓанските организации до Јункер и Могерини.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top