13339537_10208990619225748_5385125060948962454_n

Богоевски до полицијата: Се што треба да направите е да ги спуштите проклетите штитови

на јул 12, 16 • од

Најодговорно тврдам дека никогаш во мојот живот не сум удрил по полицаец, ниту сум бил директна закана по нивната безбедност. Истото се однесува и за вчера. Да, бев во првиот ред, но рацете ми беа цело време кренати во воздух. Во еден момент на туркање, водачите на тимови на ЕБР одлучија да ме приведат...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Богоевски до полицијата: Се што треба да направите е да ги спуштите проклетите штитови

Граѓанскиот активист Павле Бгоевски се огласи на својот Фејсбук профил, после синоќешниот инцидент (11 јули 2016) со полицијата за време на протестот на Шарената револуција, кога всушност беше нападната од десетина специјалци:

„Кога МВР го претстави концептот на “Полицијата блиска до граѓаните”, никој не претпостави дека за Груевски и Чавков тоа ќе значи ситуација каде петнаест специјалци те газат од ќотек, многу крвнички и уште повалкано.

Најодговорно тврдам дека никогаш во мојот живот не сум удрил по полицаец, ниту сум бил директна закана по нивната безбедност. Истото се однесува и за вчера. Да, бев во првиот ред, но рацете ми беа цело време кренати во воздух. Во еден момент на туркање, водачите на тимови на ЕБР одлучија да ме приведат.

Спротивно на сите можни законски и подзаконски норми и без никаква законска основа, двајца од нив почнаа да ме влечат во кордонот. Не им дозволив и набрзо напомош им дојдоа неколку колеги од ЕБР. Премногу колеги од ЕБР.

Во наредните моменти околу петнаесетина специјалци хаотично ме тегнеа, маваа и пробуваа да ме легнат на земја. Најболниот дел беше кога од самиот почеток еден од специјалците во вториот ред ме зграби за тестисите и до крајот на ситуацијата не престана крвнички да влече, врти и стиска со раката. Целата глупост на безрбетните послушници на Чавков траеше речиси една минута, кога успеав да се оттргнам благодарејќи на другите демонстранти кои ме повлекоа назад.

На тоа ли се сведе нашето ЕБР, нашето сечиво од мечот на полицијата? За тоа ли таа скапа обука, опрема, тие високи плати? За да крвнички тепаат студенти и демонстранти кои не им претставуваат никаква закана? И да ги грабаат за јајца. Да ти се плукнам во таквата полиција.

Сакам да им се заблагодарам на моите соборци и соборки и да кажам дека немам посериозни повреди. Само неколку модринки, гребнатинки и ољуштотини. Ништо што нема да заздрави. Засега немам никаква намера да покренувам постапка пред Секторот за внатрешна контрола или Основното јавно обвинителство. Бидејќи нема да има резултат. Бидејќи целиот систем е трул, од главата надоле. Бидејќи дури и да најдат некој кривец, тоа ќе биде некое момче или девојче од првите редови, а не искомплексираниот водич на тимот, или неговиот партиски поставен началник кој ја издал наредбата за примена на сила и приведување.

Затоа полицијата е толку клучна во секое демократско општество. Бидејќи треба да биде на границата помеѓу носителите на општествената моќ и можноста за злоупотреба на таа моќ. Тука, полицијата е само ефтино шамивче со кое власта ја брише крвта од своите раце. И секогаш истото: ние си имаме наредби, имаме деца за ранење итн, итн. Не, не е така. Вие имате наредби. Ама вие имате и законска обврска да ја одбиете секоја незаконска наредба. Ограничувањето на движење на демонстрантите е незаконско. Тепањето на демонстранти кои пред вас стојат со кренати раце е незаконско. Приведувањето за поставување платно е незаконско, исто како и тоа за боењето на симболите на овој проклет режим.

Колку би било убаво во оваа ситуација да има некоја институција чија задача е да ги брани граѓаните од криминалците, па дури и оние на власт. Нели, браќа и сестри полицајци? И да, вие можеби имате и деца кои чекаат дома да однесете плата, за да можат да јадат. Ние немаме ли луѓе кои не чекаат, кои зависат од нас? И до кога иднината на вашите деца ќе ја жртвувате за сегашната вечера? Не сфаќате ли дека и вашето дете ќе израсне во држава управувана од криминогени имбецили, кои вие ги помагате?

Дека вие сте му последната линија на одбрана на малиот фирер и дека се што треба да направите е да го спуштите проклетиот штит? Во ред, браќа и сестри. Не сакате да го средите трулиот систем за кој и самите сте одговорни? Во ред. Ние ќе то сториме тоа за вас. Бидејќи можете да бидете сигурни дека додека нема правда, нема да има ниту мир. А дотогаш, тргнете ни се од патот. Бидејќи во спротивно, иако ние можеби нема да ве удриме, бидете проклето сигурни дека нема да се тргнеме од вашиот. #ШаренаРеволуција #Протестирам #Protestoj “

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top