209074

Битолскиот Студентски пленум иако спречен од факултетите – продолжува со својата работа!

на ное 24, 14 • од

Студентите при факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола сакаат да ги потсетат одговорните на факултетите дека тие што го спречуваат одржувањето на студентскиот пленум во просториите на овие високообразовни институции, всушност постапуваат незаконски и го кршат членот 150 од Законот за високо образование...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Битолскиот Студентски пленум иако спречен од факултетите – продолжува со својата работа!

Студентскиот пленум од Битола доставил барање до Технолошко-Техничкиот Факултет Велес – дисперзирани студии Битола на 17 ноември 2014, за користење просторија во која ќе се одржи пленум за донесувањето одлуки поврзани со иницијативата за екстерно тестирање на студентите. Без каков било формален одговор од страна на факултетот (просторијата им била одобрена усно), во обидот пленумот да се одржи, администрацијата ги заклучила вратите на факултетот. Сепак, пленумот се одржал на отворено.

Студентскиот пленум повторно поднесол писмено барање до Технолошко-Техничкиот факултет – Велес, дисперзирани студии – Битола и до Правниот факултет Кичево – дисперзирани студии Битола, за одржување втор пленум, на 21 ноември 2014. „И овој пат не добивме никаков формален одговор од факултетите, но неофицијално ни беше соопштено дека доколку добиеме одговор, тој секако, нема да содржи одобрување за одржување на пленумот во просториите на факултетите. Поради ова, студентите беа приморани и вториот пленум да го одржат на отворено, на паркингот до факултетот.“ нагласуваат во соопштението од Студентскиот пленум од Битола

И покрај обидите на факултетите да го спречат пленумот, студентите продолжуваат со работа, и информираат дека третиот пленум ќе се одржи на 26 ноември (среда), во 12 часот.

Денеска доставиле барање до Техничкиот факултет – Битола, третиот пленум да се одржи во некоја од просториите на факултетот. Доколку и на овој факултет не добијат дозвола, пленумот ќе се одржи на отворен простор.

Студентите при факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола сакаат да ги потсетат одговорните на факултетите дека тие што го спречуваат одржувањето на студентскиот пленум во просториите на овие високообразовни институции, всушност постапуваат незаконски и го кршат членот 150 од Законот за високо образование, според кој: „Студентот има право да ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на универзитетот и неговите единици, односно на самостојната високообразовна установа“.

Студентите решително порачуваат: „Ни одобрувале вие или не  – ние ќе ги одржуваме пленумите, без разлика на притисоците!“

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top