1

Бејкова: Само авторитарен ум може за слободните граѓани да зборува како за секта

на мај 26, 16 • од

По изјавата на Груевски дека невладините организации финансирани од „соросовата“ фондација се однесуваат како секташи, Билјана Бејкова за Плусинфо изјави дека десет години сме сведоци како пропагандистичката машинерија на владејачката гарнитура постојано и речиси секојдневно го сатанизира граѓанското општество и секоја независна критичка мисла...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Бејкова: Само авторитарен ум може за слободните граѓани да зборува како за секта

По изјавата на претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека невладините организации финансирани од „соросовата“ фондација се однесуваат како секташи, Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар, за Плусинфо изјави дека десет години сме сведоци како пропагандистичката машинерија на владејачката гарнитура постојано и речиси секојдневно го сатанизира граѓанското општество и секоја независна критичка мисла.

- Последните напади се само продолжување на оваа континуирана хајка. Но, за голема жал на власта, стравот во Македонија е сè помал, граѓаните масовно го кажуваат своето мислење и својот став отворено и секојдневно на улиците низ цела држава, така што само заробени и авторитарни умови можат да зборуваат за слободните граѓани како за секта, за предавници, платеници и хулигани – рече Бејкова

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top