EF85C54477191F49A5B99F55275A9BC0

Агенција за медиуми: Миленко Неделковски и Канал 5 шират говор на омраза

на мар 9, 16 • од

АВМУ со вонреден надзор на неколку изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, констатирала дека авоторот и ТВ Канал 5 поттикнуваат и шират дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Агенција за медиуми: Миленко Неделковски и Канал 5 шират говор на омраза

Агенцијата за аудо и аудиовизуелни медиуми (АВМУ), преку вонреден надзор на неколку последователни  изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, констатирала дека ТВ Канал 5 го прекршил член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со тоа што неколку пати по ред  носи уреднички одлуки кои му овозможи на авторот на емисијата да поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација,

„Со оглед на фактот дека во Законот не е предвидена мерка за прекршување на член 48, Агенцијата на ТВ Канал 5 му укажа да престане со ваквата практика, а Извештајот од надзорот и снимките од емисиите од 15, 22, 29 јануари, 5 и 12 февруари 2016 година, ги достави до Комисијата за заштита од дискриминација, со барање за постапување согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација и Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, од ноември 2015 година.“, се вели во соопштението на АВМУ.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top