amnesty_takes_questions_blog

Амнести Интернешенел: Новинарите и прислушувани и тепани

на фев 24, 16 • од

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел, во најновиот извештај за Република Македонија кој се однесува на 2015 година, во делот посветен на слободата на изразување истакнува дека над две илјади новинари биле под надзор на владата. Се оценува дека објавените снимки укажуваат на индиректно финансирање на провладини медиуми и политичко влијание врз [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Амнести Интернешенел: Новинарите и прислушувани и тепани

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел, во најновиот извештај за Република Македонија кој се однесува на 2015 година, во делот посветен на слободата на изразување истакнува дека над две илјади новинари биле под надзор на владата. Се оценува дека објавените снимки укажуваат на индиректно финансирање на провладини медиуми и политичко влијание врз изборот на новинари и содржината на вестите. Едновремено во извештајот  се наведува дека нападите врз независните новинари продолжуваат, а како пример се наведуваат смртните закани кон Борјан Јовановски и физичкиот напад врз Саше Ивановски од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски. Се констатира и ослободувањето на Томислав Кежаровски од домашен притвор.

Во извештајот за состојбата во Македонија, има посебен дел кој се однесува на правата на ЛГБТИ заедницата. Се потсетува дека во текот на Неделата на гордоста, во јуни 2015,  активисти протестирале против неуспехот на властите да ги истражат нападите врз припадници на ЛГБТИ заедницата и врз нивната организација. Освен тоа, се наведува и дека во јануари 2015,  Парламентот гласал за измени на Уставот, за бракот да се дефинира исклучиво како заедница меѓу маж и жена.

Во делот за прекумерна употреба на сила, Амнести наведува дека на 9 мај 2015, специјалните полициски единици почнале вооружена операција во Куманово, со цел, како што се тврди, да се спречат напади врз државни и цивилни цели. Притоа, загинале 14 етнички Албанци и осум полицајци. Триесет етнички Албанци, вклучително и поранешни членови на Косовската ослободителна војска биле уапсени. Некои од нив тврдат дека биле тепани во притвор, се вели во извештајот  и се додава дека Министерството за внатрешни работи ги игнорирало повиците за независна истрага.

Извештајот на Амнести Интернешенел  за Македонија почнува со политичката криза во земјата и објавувањето на аудио снимките со разговори меѓу министри, членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и други лица од јавниот живот. Снимките објавени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев открија корупција во владата, злоупотреба на функциите, изборни измами и недоволно почитување на човековите права и владеењето на правото, вклучувајќи и мешање во независноста на судството, се вели во извештајот. Натаму се вели дека Заев бил обвинет, заедно со други лица, за кривични дела, вклучувајќи и шпионажа. Владата тврди дека снимките се фабрикувани од странски разузнавачки служби.

Амнести Интернешенел дава и кус преглед на настаните во Македонија од пролетта 2015, притоа наведувајќи ги протестите против власта, оставките на луѓе од владејачката гарнитура, Договорот од Пржино, враќањето на опозицијата во Парламентот, основањето на Специјалното обвинителство.

Што се однесува до бегалците и барателите на азил во изминатата година, Амнести наведува дека низ земјата минале најмалку 600.000 мигранти и бегалци, главно од Сирија. Бегалците биле  експлоатирани од страна на шверцерите и биле цел на напади на вооружени банди.  Во ивештајот се  наведува и податокот дека околу 10.210 македонски државјани, од кои поголемиот дел Роми, бегајќи од дискриминација и сиромаштија побарале азил во некоја од земјите на ЕУ, но само мал дел од нив успеале во тоа.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top