1973987_10153133725246754_4175186473831516096_o

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

на мар 16, 16 • од

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, заедно со сите слободумни граѓани, бара неотповиклива оставка на судиите, владини послушници, но и енергична и отворена реакција и акција на судиите кои не гласаа за оваа срамна одлука, затоа што од денеска Македонија нема ни Устав ни Уставен суд!...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ! по донесувањето на одлуката на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал и други тешки криминали излезе со сопствен став и порака до јавноста:

„Уставот на Република Македонија е мртов! Џелатите на уставноста и на суверенитетот на граѓаните се познати. Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски се петте „тефтер“-судии кои надвор од очите на јавноста не само што го убија Уставот, туку станаа и директни соучесници во криминалите и бандитизмот на актуелната власт.

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, заедно со сите слободумни граѓани, бара неотповиклива оставка на судиите, владини послушници, но и енергична и отворена реакција и акција на судиите кои не гласаа за оваа срамна одлука, затоа што од денеска Македонија нема ни Устав ни Уставен суд!

Едновремено, АЈДЕ! бара МВР веднаш да поднесе кривични пријави за организаторите на контрапротестот пред Уставниот суд. Но и веднаш да ги санкционира и да ги повика на одговорност сите оние службени лица кои вчера дозволија да биде згазено уставното право на граѓаните на мирен протест со тоа што не ги отстранија навреме учесниците на контрапротестот од местото на кое претходно беше закажан и уредно пријавен протестот на АЈДЕ!.

И нашата граѓанска иницијатива ќе поднесе пријави и ќе бара одговорност од сите оние лица кои не постапија во согласност со Уставот и законите и кои спречија десетина илјади граѓани слободно да протестираат и да бдеат пред зградата на Уставниот суд.

Ја повикуваме меѓународната заедница будно да ги следи случувањата кои очигледно водат кон продлабочување на политичката криза во државава и кои недвосмислено покажуваат дека во Македонија нема услови за слободни, фер и демократски избори на 5 јуни.

Им благодариме на сите граѓани кои вчера беа со нас и заедно со нас маршираа и протестираа за слобода и демократија. Борбата продолжува. Нашите протести и акции за зачувување на државата нема да запрат. Напротив!

НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!“

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top