ajde1

АЈДЕ: Се оградуваме од власта која мора да одговара за сите криминали и злосторства!

на сеп 12, 15 • од

Активистите на АЈДЕ - платформата за граѓанска политика со симбoлично поставување ограда и сечење лента, на 12 септември 2015, и порачаа на власта во заминување дека се оградуваат од неа и дека очекуваат таа да одговара за сите криминали и злосторства...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » АЈДЕ: Се оградуваме од власта која мора да одговара за сите криминали и злосторства!

Девет години Република Македонија е заложник на власт која штитејќи ги и остварувајќи ги иклучиво своите лични интереси, безмилосно гази врз животите, судбините и правата на граѓаните. Оваа власт девет години го краде и лаже народот. Девет години сее зла крв и омраза меѓу своите граѓани. Девет години ги дели луѓето и се оградува од нив.
Новата ограда пред зградата на Владата претставува само буквална потврда за тоа дека оваа власт во заминување претставува се, само не дел од граѓаните и граѓанството во државава.

Денес, Република Македонија е меѓународен пример за корупција, за злоупотреба на власта и за авторитарен режим на владеење. Денес, Република Македонија е соочена со најголемата политичка и државна криза од своето осамостојување.
Власта, иако во заминување, продолжува да се однесува како ништо да не се случило и како ништо да не се сменило. Продолжува да се оградува од своите граѓани и да се затвора во круговите на своите најблиски криминални соработници. Мисли дека ќе се спаси.

Но ние, граѓаните веќе нема го дозволиме тоа!

АЈДЕ, денеска, уште еднаш силно и непоколебливо да им покажеме и да им кажеме: „НИЕ СЕ ОГРАДУВАМЕ ОД ВАС И ВАШИТЕ ЗЛОДЕЛА! ЌЕ СИ ОДИТЕ, МОРА ДА СИ ОДИТЕ НА ЃУБРИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА, НО И ЌЕ ОДГОВАРАТЕ!“
Нашата решителност и истрајност во битката за правда, слобода и демократија треба да му биде јасна и на идниот специјален јавен обвинител. Ние, граѓаните непоколебливо и цврсто ќе ја поддржиме неговата работа, зашто очекуваме премиерот во оставка и неговите соработници да се најдат на обвинителна клупа и да одговараат за сите криминали и злосторства.

Оваа наша решеност ќе ја покажаме и пред Собранието на Република Македонија, на денот на изборот на специјалниот јавен обвинител. Затоа, АЈДЕ ги повикува сите граѓани и граѓанки да дојдат во вторник пред Собранието.

Оваа власт мора да одговара за своите криминали и злосторства и тоа претставува врвен национален интерес.

НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top