12143089_991511080908443_3994900700432152189_n

Протест на АЈДЕ: СТОП за цензурата! Не ги даваме бомбите!

на окт 7, 15 • од

Протестот ќе се одржи пред Собранието на РМ, на 7 октомври, во 18 часот, затоа што, граѓаните имаат право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко- фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Протест на АЈДЕ: СТОП за цензурата! Не ги даваме бомбите!

Ние членовите на АЈДЕ! – платформата за граѓанска политика, ги повикуваме сите слободоумни граѓани да ни се придружат на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија, против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали, предложен од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој предлог-закон е неуставен и мора да биде повлечен, затоа што, членот 16 од Уставот на Република Македонија ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на изразување.

Ние, граѓаните имаме право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко- фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници.

Протестот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија, на 7 октомври, во 18 часот.

Стоп за цензурата!
Не ги даваме бомбите!
Не ја даваме вистината!
Стоп за фашистички закони!
Нема да ви помине!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top