НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативната локална демократија“, во текот на 2019 година, ќе соработува со десет граѓански организации од пет општини: Крива Паланка (Регионален центар за соработка „Спектар“, организацијa на жени ЗОРРА, Центар за младински иницијативи „Цик-цак“), Кавадарци (Проект ЕУ, Еко-живот), Кратово (ГО Кула), Теарце (ЦЕД, Скаут Шкендија), Маврово и Ростуше (Рекански бисер, ЗЕУК Тритон).
Соработката ќе се одвива во насока на зајакнување на организациските капацитети за мобилизација на граѓаните и нивно активно учество во креирањето и спроведувањето политики на локално ниво.
Во активностите и заложбите за партципативна демократија ќе учествуваат и локалните власти од овие пет општини.
Граѓанските активисти ќе ја мониторираат работата на општините, ќе ги надградуваат сопствените капацитети за јавно застапување и ќе организираат серија акции кои ќе го поттикнат директното учество на граѓаните и соработката со локалните власти.
Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олoф Палме