Здружението „8-ми Септември“ изразува отворена поддршка за најавениот протест на стечајните работници кој ќе се одржи утре (22.05.2014) во 10 часот пред Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Стечајните работници кои повеќе од шест години протестираат барајќи од државата основна егзистенција се лица кои што ја граделе и ја создавале оваа држава. Од вредните раце на овие луѓе се и изградени денешните објекти каде што се сместени институциите кои немо молчат на барањата на стечајците, а се под директива на власта“, стои во денешното соопштението на „8-ми Септември“.
Граѓанското здружение ги повикува сите граѓани кои ги поддржуваат стечајните работници да се придружат на протестот.