Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 18 декември (четврток) 2014 година, во Клубот на новинарите, во 11 часот, ќе организира прес-конференција на која ќе бидат претставени „Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите“. Принципите за фер употреба се документ за саморегулација на интернет медиумите, кој претставува одговор на горливото прашање на секојдневното користење туѓи авторски дела во известувањето на медиумите и непочитувањето на авторското право и сродните права. Овие принципи се засновани на начелата на доктрината за „фер употреба“, на одредбите од Законот за авторското право и сродните
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), денеска, го објави и го промовираше второто изменето и дополнето издание на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми
Види повеќе »Денеска, во просториите на Сити Хол во Скопје, се одржа јубилејната десетта по ред меѓународна конференција е-Општество.мк на тема: „Човекови права на интернет - Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“
Види повеќе »Во организација на Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 11 декември, во Клубот на новинарите ќе се одржи промоцијата на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми. настанот ќе започне во 12 часот
Види повеќе »Јубилејната десетта меѓународна конференција „е-Општество.мк“ ќе се одржи на 11 декември, а годинава на тема „Човекови права на интернет - Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“. Конференцијата ќе се одвиваво просториите на Сити Хол, во Скопје, со почеток во 10.00 часот
Види повеќе »Утре, точно на пладне, во Скопје и во Битола, ќе започне вториот студентски марш против воведувањето државно тестирање на универзитетите
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на проектот наУСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 4 декември (четврток) 2014, во хотелот Стоун Бриџ, со почеток во 11.00 часот, организира дебата: „Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија“ На оваа дебата ќе биде претставен истоимениот документ на ЦРМ за јавна политика чиј автор е комуникологот д-р Климе Бабунски. Дискусијата која ќе биде посветена на потребата од независен јавен радиодифузен сервис во Македонија, ќе ја модерира новинарката Санта Аргирова, а панелисти ќе бидат Снежана Трпевска, од Високата школа за новинарство
Види повеќе »Организаторите на граѓанска иницијатива за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) утре, 4 декември, ќе одржат прес-конференција по повод продолжувањето на активностите под мотото „Го сакам ГТЦ“. Настанот ќе се одржи на платформата од ГТЦ кон паркот „Жена - борец“ (до споменикот на Славко Јаневски), со почеток во 12 часот
Види повеќе »По одржаниот петти пленум, студентите се едногласни дека државниот испит треба да се укине. Најавуваат нов студентски марш за идната недела
Види повеќе »Цивил – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис ќе ја промовираат публикацијата „Соочување на реалноста“, која е завршен извештај на пилот-проектот „Сеќавање на минатото – обликување на иднината: локални култури на помнење“. Промоцијата ќе се одржи утре во ГЕМ Клуб – Менада во Стара Чаршија со почеток во 11:30 часот. Проектот опфаќа еден подолг историски период во Македонија, почнувајќи од Илинденското востание во 1903 година и завршува со проектот „Скопје 2014“. Културата на помнење се однесува на вредностите, политиките и практиките на поединечното и колективното помнење, меморијализацијата на минатото преку обележување на празниците и почитување
Види повеќе »© 2025 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics