download

Мониторинг на медиуми: Придавката поважна од Извештајот

на фев 3, 12 • од

За разлика од минатата година, кога поголем дел од медиумите зазедоа активна позиција во наметнувањето на релевантните теми од Извештајот, годинава медиумите помалку аналитички известуваа и коментираа за клучните проблематични подрачја како што се: независноста на судството, реформата на јавната администрација, слободата на медиумите и борбата против корупција. Медиумите повторно наметнаа теми како (не)употребата на [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиуми: Придавката поважна од Извештајот

За разлика од минатата година, кога поголем дел од медиумите зазедоа активна позиција во наметнувањето на релевантните теми од Извештајот, годинава медиумите помалку аналитички известуваа и коментираа за клучните проблематични подрачја како што се: независноста на судството, реформата на јавната администрација, слободата на медиумите и борбата против корупција.

Медиумите повторно наметнаа теми како (не)употребата на придавката „македонски“ во Извештајот, праќањето писма од страна на разни здруженија, институции и поединци до еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, како и масовното потпишување на т.н. Манифест на Македониумот. Огромен простор медиумите му посветија и на интервјуто на Премиерот за МИА, во кое тој со емотивен набој ги опиша односите меѓу Македонија и Европската унија.

Анализата на медиумските содржини покажа дека јавноста беше бомбардирана со контрадикторни анализи за содржината на Извештајот. Од медиумите не можеше јасно да се разбере дали оцените за напредокот на Македонија се „најдобри досега“, или пак критките во Извештајот се пренагласени и тенденциозни. Некои новинари погрешно и тенденциозно ги толкуваа изјавите на претставниците на меѓународната заедница.

За разлика од минатата година, кога мета на напади на провладините медиуми беа амбасадорот Фуере и европратеникот Талер, годинава голем дел од медиумите ги проблематизираа како методологијата така и мотивите на Европската комисија. Повеќето медиумите сакаа да создадат слика дека Европската комисија е недоследна, исполитиизирана и дека e раководена од интересите на Грција. Дополнително, тие застанаа во одбрана на острите напади на премиерот Груевски, кој во изјавите на Филе препозна „стратегија на пренагласување на забелешките“ со цел да се притисне македонската влада да попушти во спорот со името.

Освен Европската комисија, цел на напад и дискредитација беше и новинарот Борјан Јовановски кој, според премиерот Грувски, на Филе му поставил „наместено прашање“. Во однесувањето на Јовановски и на останатите членови на, како што ја нарекуваа, „ултралибералната армада на А1“, дел од коментаторите во медиумите ја лоцираа причината зошто државата доби лоши оцени за медиумските слободи.

Придавката поважна од Извештајот

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top