Медиумско огледало, мај 2006: Медиумите против заедничка прослава на Илинден

на јун 12, 06 • од

Македонско-бугарските односи се се поприсутни во медумите, особено во контекст на македонското историско наследство и повеќето од нив се огласија и истакнаа дека не се согласуваат со иницијативата за заедничка прослава на Илинден.   Карактеристично за медимите е и тоа што во информирањето за евроинтегративните процеси доминира критиката насочена кон власта, но и кон политичката [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало, мај 2006: Медиумите против заедничка прослава на Илинден

Македонско-бугарските односи се се поприсутни во медумите, особено во контекст на македонското историско наследство и повеќето од нив се огласија и истакнаа дека не се согласуваат со иницијативата за заедничка прослава на Илинден.

 

Карактеристично за медимите е и тоа што во информирањето за евроинтегративните процеси доминира критиката насочена кон власта, но и кон политичката елита воопшто. Скептицизмот во врска со еврокапацитетите на македонската политика и на општетството во целина, медиумите најчесто го извлекуваат од пласираните критики на експертите, кои пак зачестено се јавуваат во улога на колумнисти. Проблематичното во овие случаи е тоа што повеќето колумнисти-експерти едновремено се и партиски ангажирани личности, па останува нејасно дали нивните ставови се навистина експертиза или се само дел од интензивната неофицијална предизборна кампања на нивните партии.

 

Едновремено, иако поретко, сепак, медиумите ги коментираат и силниот бран на евроскептицизам којшто се појави во Европската унија, ксенофобичниот отпор кон новите потенцијални членки, како и сомневањата во единствениот европски идентитет.

 

Сериозната загриженост и отворениот песимизам поради можноста подолго време да нема нови проширувања на ЕУ, медиумите, до некаде ги балансираат со надежта за успешно – според барањата на ЕУ – спроведени избори, успешни реформи во судството, полицијата…

 

Ова се само дел од констатациите на квалтитативниот мониторинг на медиуми, за мај 2006 година, кој го спроведува НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата за континуирано набљудување на медиумите „Медиумско огледало“.

Медиумско огледало Бр.9, мај 2006 – PDF верзија (358KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top