Затегнатите меѓуетнички односи ја забавуваат евгроинтеграцијата на Македонија!

на ное 8, 06 • од

“Медиумското огледало“ констатира континуирано опаѓање на медиумската популарност на актуелните владини потези во тековниот политички процес. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ниту приближно ја немаат медиумската наклонетост каква што Коалицијата „За подобра Македонија“ ја имаше непосредно пред и во периодот на одржувањето на парламентарните избори во јули годинава.   Еден дел од медиумите кои [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Затегнатите меѓуетнички односи ја забавуваат евгроинтеграцијата на Македонија!

“Медиумското огледало“ констатира континуирано опаѓање на медиумската популарност на актуелните владини потези во тековниот политички процес. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ниту приближно ја немаат медиумската наклонетост каква што Коалицијата „За подобра Македонија“ ја имаше непосредно пред и во периодот на одржувањето на парламентарните избори во јули годинава.

 

Еден дел од медиумите кои се склони да критикуваат, негативно ги вреднуваат новите измени и предлог-законските решенија на новата влада, вклучувајќи ги и кадровските промени во државните институции. Другиот дел, пак, покрај овие причини, острината на критиката ја поткрепуваат и со интензивирањето на затегнатоста во меѓуетничките односи. Ваквите состојби, оценуваат критичарите, го забавуваат интегрирањето на Македонија во ЕУ.

 

Најпесимистичките прогнози и најслабите оцени се пласирани во медиумите во кои целосно доминира критиката. Во такви случаи,односот на новата влада кон меѓуетничките односи е оценет како фактор за дестабилизација на земјата и политички реваншизам кој ќе ја врати Македонија во 2001 година. Оцените се движат во дијапазон од „малцинска Влада без стабилно мнозинство за сите одлучувања“ до „Влада која нема и Бадентерово мнозинство“. Таквиот тип медиуми веќе го „активираат часовникот кој почнува да мери уште колку време и останува на Владата на Груевски“.

 

Ова се само дел од констатациите на најновиот извештај на „Медиумското огледало“, за септември 2006, во рамките на квалитативниот мониторинг на медиумите, кој беше фокусиран на Рамковниот договор, тренасферот на власта и евроинтегративните процеси.

 

Во набљудувањето се вклучени 12 медиуми: „Шпиц“, „Вечер“,„Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“ (вести на албански јазик), ТВ „Сител“ и ТВ„Телма“.

Медиумско огледало, септември 2006 – PDF верзија (416KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top