milenkonedelkovski

ЗНМ: Обвинителот Шаќири незаконски одбива кривично да го гони Миленко Неделковски

на јун 22, 16 • од

Според ЗНМ, смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон за да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » ЗНМ: Обвинителот Шаќири незаконски одбива кривично да го гони Миленко Неделковски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), како што информира НоваТВ, реагира на одлуката на обвинителот Шаќири од Вишото јавно обвинителство дека статусот со закани кон неколкумина новинари од ТВ водителот Миленко Неделковски не поттикнува омраза и насилство, туку претставува само искажан став за физички лица и дека нема основа за  кривично гонење.

-Обвинителот Шаќири, практично само го потврди решението на обвинителката Јасмина Костевска од Основното јавно обвинителство, која во март годинава го одби нашето барање за гонење на Неделковски. Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Неделковски пред неколку месеци на својот официјален фејсбук профил напиша: „Кога ќе излеземе со народот на улица, кога ќе ни преку*чи, а тоа е наскоро, јас со мојата група ќе одам по овој ред: 1.Дома кај БГ да му го исправам погледот. Потоа кај семејството од Брајчино со шиптарска снаа. Е таму ќе има циркуси. 4.Па кај оној што дува на полноќ 5. После кај СО каде ќе го барам и брат му ВО… И на крај кај Берович Бетон, да нарачам цемент за плочата. Железо 12-ка имам.“

Според Селмани, со оваа порака Неделковски експлицитно се заканил со линчување и покривање со бетонска плоча на новинарите Јорданка Костова, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов и Сашо Ордановски . Според Селмани, решението на обвинителот е неразумно и ја девалвира обвинителската професија.

ЗНМ повика Здружението на обвинители да го осуди ваквото решение, а Советот на јавни обвинители да се произнесе за, како што смета ЗНМ, незаконското постапување на обвинителот.

Од ЗНМ најавија дека решението ќе биде доставено до сите амбасади во Скопје, но и до Правниот факултет во Скопје.

-Ќе го доставиме до сите амбасади и до Правниот факултет со цел на професорите да им послужи како пример како не треба да се однесува еден обвинител, вели Селмани.

 Извор: НоваТВ

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top