sase_ivanovski_1-610x400

ЗНМ: Нападот на Ивановски најсериозен од низата напади против новинари

на мај 23, 15 • од

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека е сериозно загрижено од ескалацијата на насилство против новинари, откако вчеравечер двајца маскирани напаѓачи со метални шипки физички го нападнале новинарот Сашe Ивановски, попознат како Политико...
Pin It

Home » Слобода за слободата на изразување » ЗНМ: Нападот на Ивановски најсериозен од низата напади против новинари

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека е сериозно загрижено од ескалацијата на насилство против новинари, откако вчеравечер двајца маскирани напаѓачи со метални шипки физички го нападнале новинарот Сашe Ивановски, попознат како Политико.

„Нападот на Ивановски е најсериозен од низата напади против новинари, кој можел да има фатални последици.  Насилниците имаат за цел да внесат страв и несигурност меѓу новинарите и да ја ограничат слобода на изразувањето. Силно го осудуваме овој хулигански чин и бараме веднаш да престанат ваквите оркестрирани напади против новинарите. Ја предупредуваме домашната и странска јавност дека животот на новинарите во Македонија е сериозно зaгрoзен. Бараме од Обединетите нации, Европската Унија, Американската влада, Советот на Европа и ОБСЕ веднаш да интервенираат кај македонската влада за да се обезбеди сигурност на македонските новинари и да се престане со практиката на неказнување на насилство против новинари, кое може да доведе до трагични последици. ЗНМ од 2011 година до сега регистрираше 19 физички напади против новинари и досега ниеден од нив нема судска разрешница“, порачува ЗНМ.

Извор: Плусинфо

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top