LCM IPA2 [ FB Cover ] small

Завршна конференција: Предизвиците во искористувањето на ИПА средствата на локално ниво

на јун 7, 19 • од

Конференцијата „Предизвиците во искористувањето на ИПА средствата на локално ниво“, ќе се одржи на 11 јуни 2019 година (вторник), во хотелот Холидеј Ин, во салата Милениум I, со почеток во 11 часот...
Pin It

Home » Активности » Завршна конференција: Предизвиците во искористувањето на ИПА средствата на локално ниво

НВО Инфоцентарот во соработка со Организацијата на жени од Струмица, организира завршна конференција на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА 2“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Конференцијата „Предизвиците во искористувањето на ИПА средствата на локално ниво“, ќе се одржи на 11 јуни 2019 година (вторник), во хотелот Холидеј Ин, во салата Милениум I, со почеток во 11 часот.

Во фокусот на панел дискусијата во рамки на конференцијата ќе бидат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат општините и граѓанските организации во искористувањето на средствата од Инструментот за претпристапна помош – ИПА, со акцент на тековната финансиска перспектива ИПА2, вклучувањето на општините и граѓанските организации во програмирањето на средствата, како и промените кои се очекуваат со новата финансиска перспектива – ИПА 3.

На конференцијата, како панелисти ќе зборуваат: Евгенија Серафимовска Кирковски од Секретаријатот за европски прашања при Влада на РСМ, Арсим Фидани од Министерството за локална самоуправа, Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Душица Перишиќ, директорка на ЗЕЛС, Александар Колекески, претставник од Граѓанскиот дијалог – Платформа за структурна партиципација во пристапувањето кон ЕУ, Марјан Степановски, Евротинк, Ловрен Маркиќ од Градот Скопје, Аријана Мемети од Општина Тетово, Ѓоко Ристовски од Општина Струмица и Дејан Додовски од Општина Битола.

Програма на конференцијата

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top