Во општина Теарце, денеска, во училиштата во пет поголеми села беа засадени 160 садници. Учениците, заедно со наставниците и претставниците од месните заедници, ги разубавија училишните дворови, едновремено подигнувајќи ја свеста за зачувување на животната средина.
Акцијата за засадување дрва ја спроведеоа Центарот за едукација и развој и Скаут до Теарце, во соработка на НВО Инфоцентарот, а во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународната организација Улоф Палме, со средства од Шведската Влада.