1

Заедно против Ковид-19: Помош за Ковид-центарот во Неготино

на дек 28, 20 • од

Граѓанските организации СПО КУЛ и НВО Инфоцентар, во соработка со Општина Неготино, донираа постелнина, ќебиња, бесконтактни топломери, UV ламби за стерилизација, средства за дезинфекција на раце, средства за хигиена и бришачи за раце наменети за потребите на Ковид-одделот во јавниот здравствен дом во Неготино...
Pin It

Home » Активности » Заедно против Ковид-19: Помош за Ковид-центарот во Неготино

Граѓанските организации СПО КУЛ и НВО Инфоцентар, во соработка со Општина Неготино, денеска (28 декември 2020 година), донираа постелнина, ќебиња, бесконтактни топломери, UV ламби за стерилизација, средства за дезинфекција на раце, средства за хигиена и бришачи за раце наменети за потребите на Ковид-одделот во јавниот здравствен дом во Неготино.

Граѓаните, здравствените установи и општината во целина, во континуитет со соочуваат со големи предизвици во борбата со коронавирусот. Имајќи го предвид огромното значење на Ковид-центарот во справувањето со кризата и лекувањето на заболените од коронавирусот во општина Неготино, сметавме дека е исклучително важно да помогнеме во неговото доопремување и натамошно успешно функционирање, лекување и згрижување на заболените.

Оваа граѓанска акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

DSC_0112

DSC_0109

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top