За нас

Од ноември 2003 година, НВО Инфоцентарот започна како проект и продолжување на идејата на ад-хок НВО прес-центарот и Женскиот изборен прес-центар, кои функционираа за време на Парламентарните Избори 2002, во рамките на НВО кампањата „Моќта е во народот“.

Во септември 2004 година, прерасна во фондација чија мисија е да биде креатор на позитивната репутација, доверба и влијание на граѓанскиот сектор во општеството, со развиена, постојана и одржлива експертиза во сферата на комуникациите, односите со јавноста и јавното застапување.

НВО Инфоцентарот е активен на полето на комуникациите, јавното застапување, медиумите, доброто владеење, владеењето на правото,  слободата на изразување и слободата на информирање.

Во долгогодишното постоење, НВО Инфоцентарот остварува соработка со над 200 граѓански организаци и четириесетина општини во Македонија, а спроведе стотици тренинзи и работилници од областа на комуникациите, односите со јавноста, медиумите, пропагандата, јавното застапување, слободата на изразување, транспарентното и отчетно владеење и др.

НВО Инфоцентарот, истовремено  е водечка организација во Македонија на полето на мониторинг на медиуми. Од 2005 година спроведува постојан квалитативен мониторинг на медиумите, кој е респектиран и уважуван од страна на сите медиуми, новинари, и релевантни домашни и странски институции, експерти и креатори на политики. Досега, НВО Инфоцентарот има објавено над 90 извештаи за тоа како медиумите информираат за најважните општествено-политички настани и процеси, дали новинарите ги почитуваат професионалните стандарди во информирањето на јавноста, како и за тоа дали и кави техники на пропаганда и манипулација се користат во медиумите.

 


НВО Инфоцентарот е активен на полето на комуникациите, медиумите, јавносто застапување, доброто владеење, владеењето на правото и слободата на изразување и слободата на информирање. 

Коментарите се затворени.

Scroll to top