13339537_10208990619225748_5385125060948962454_n

За МВР, „Година по година, криминално здружение“ е навредлив транспарент

на јун 30, 16 • од

Заради овој транспарент, активистот Павле Богоевски беше уапсен иако, како што вели тој, ниту транспарентот е навредлив ниту пак, полицијата има право да лишува од слобода за тоа...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » За МВР, „Година по година, криминално здружение“ е навредлив транспарент

Порталот НоваТВ објави одговор од МВР на прашањето зошто активистот Павле Богоевски беше уапсен во близина на Камениот Мост за време на герила акција вечерта кога владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ славеше роденден:„СВР Скопје на ден 19.06.2016 година постапи согласно претходно изготвен план за физичко обезбедување на прослава по повод 26. роденден на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Музеј на Македонската борба. За време на обезбедувањето нарушен е јавниот ред и мир со обид за поставување платно со испишана навредлива содржина на кејот од десната страна на Вардар. Притоа, од страна на СВР Скопје е интервенирано и приведено е лицето Павле Богоевски, осомничен за сторен прекршок од ЗППЈРМ, при што е воспоставен нарушениот Јавен ред и мир.“

На прашањето на НоваТВ каква била улогата на Александар Василевски познат како Нинџа, лице со дебело полициско досие, кое на снимките се гледа како им го предава Богоевски на полицајците, од МВР одговориле: „Останатите лица за кои не е утврден идентитетот и кои биле присутни на местото на настанот, веднаш си заминале.“

На соопштението на МВР реагираше и Богоевски со свој коментар на ФБ: “До моментот на лишување од слобода ниту еден од полициските службеници не беше во можност да ја прочита содржината на транспарентот, па врз основа на тоа да процени дали навистина имало навредлива содржина. Сосема друга работа е дали таа содржина (дури и да е навредлива) е основа за лишување од слобода. Во никој случај не е.”

Активистите на Шарената револуција вечерта на 19. јуни се обидоа да постават платна со следниве пораки: „Година по година, криминално здружение!, „Партијата да се одвои од Гатачката!“, „Ај па и за апсаани да си дочекате!“ и „Кога славите 10 години МВРО?“.

Нарушувањето на јавниот ред и мир, според Слободна.мк, настапило во моментот кога МВР незаконски интервенираше со попречување на правото на мирен протест и со противправно лишување од слобода на граѓански активист кој се обиде да постави транспарент (платно) на кејот.

Наместо да бидат преземени мерки против нарушувачите на јавниот ред и мир од страна на МВР кои попречија мирен протест и спроведоа противправно апсење, МВР, констатира Слободна.мк,  се обидува да ја оправда својата незаконска акција како чувар на “ликот и делото” на владејачката партија, иако никаде не постои законска забрана за поставување транспарентни со “навредлива содржина”.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top