„Почитувани колеги и колешки, професори, родители, ученици, членови на политички партии и подмладоци, граѓански организации, синдикати, вработени и невработени. Почитувани граѓани. На 10 декември, кој воедно е признат и како Меѓународен ден на човекови права, ве повикуваме на втор студентски марш против необмислените реформи во високото образование. Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски. Апелираме да биде мирен и да не се истакнуваат национални и партиски симболи. Затоа граѓани: приклучете се! На маршот повикуваме секој да маршира како индивидуа – дозволена е само единствената значајна книшка – индексот! Студенти, донесете ги индексите! И знајте го ова: колку повеќе нѐ има, толку потешко е да нѐ заокружат. “ стои во повикот од Студентскиот пленум.
Маршот во Скопје почнува во 12 часот, од платото пред Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во Битола, маршот ќе започне пред зградата на Техничкиот факултет , а ќе заврши пред зградата на Ректоратот на Универзитетот „Климент Охридски“.
Рута во Скопје: http://goo.gl/s4Qcm7