По одржаниот петти пленум, студентите се едногласни дека државниот испит треба да се укине. Најавуваат нов студентски марш за идната недела.
Синоќешниот, петти по ред пленум при УКИМ, а прв по одржувањето на масовните студентски протести во Скопје, се одржа зад затворени врати, на Правниот факултет во Скопје.
Студентите едногласно бараат укинување на т.н. државен испит и не сакаат да преговараат за неговата форма. Најавуваат нов студентски марш за идната недела.
Студентски пленуми деновиве се одржуваат и во Битола и во Прилеп, во организација на студентите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а студентски протест се одржа и во Штип.