Денеска, учесничките и учесниците на првата женска трка во Струмица, испратија порака до претставниците на Локалната самоуправа на Општина Струмица за потребата од примена на родовиот концепт при планирањето и спроведувањето на буџетските програми.
Трката се одржа со цел да ја подигне свеста кај локалните власти и граѓаните и граѓанките за примена на родовиот концепт при планирање и спроведување на буџетските програми.
Родово одговорните политики придонесуваат за унапредување на родовата еднаквост во Општина Струмица, притоа, земајќи ги во предвид специфичните потреби на жените и мажите/девојчињата и момчињата при планирањето и имплементацијата во стратешките општински документи и во сите фази на буџетскиот процес.
Градоначалникот на Општина Струмица упати апел до жените и девојките да се вклучат во претстојните процеси на граѓански консултации за креирање на буџетските програми, за да бидат слушнати приоритетите кои треба да го подобрат квалитетот на нивното живеење.
Настанот го организираше Организација на жени од Струмица, во рамки на проектот “Здружени за активно граѓанство”, спроведуван од НВО Инфоцентар од Скопје и поддржан од Европската Унија.