МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО, јуни 2007: ВЛАДАТА ДОЦНИ СО РЕФОРМИТЕ – НЕМА ДАТУМ ЗА ЕУ!

на авг 23, 07 • од

Наспроти оптимистичките статистики на Владата, во медиумите е се поприсутен песимизмот за состојбите во државата. Владината промоција на економските статистички показатели, не ги импресионира медиумите и повеќето од нив, информациите од оваа област ги третираат со голема резерва и скептицизам...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО, јуни 2007: ВЛАДАТА ДОЦНИ СО РЕФОРМИТЕ – НЕМА ДАТУМ ЗА ЕУ!

Наспроти оптимистичките статистики на Владата, во медиумите е се поприсутен песимизмот за состојбите во државата. Владината промоција на економските статистички показатели, не ги импресионира медиумите и повеќето од нив, информациите од оваа област ги третираат со голема резерва и скептицизам.

Едновремено, еден дел од медиумите нагласено ги истакнуваат проблемите во политиката и во општеството, како што се: политичкиот дијалог, (не)кохабитацијата на Владата со Претседателот на државата, колебањатаоколу спроведувањето на некои аспекти од Охридскиот договор. Овие медиуми сметаат дека во изминатите десет месеци, албанско-македонските односи се влошени и дека е можно влошувањето да се продлабочи во момент кога од Хаг ќе се вратат четирите предемети. Најдалеку отиде еден медиум на албански јазик кој прогнозира дека „во деновите што доаѓаат, Груевски ќе ги види во практика последиците од омаловажувањето на легитимитетот на изборното мнозинство кај Албанците и дека од осамостојувањето на Македонија до денес, никогаш немало послаба влада“.

Толкувајќи го значењето на нацрт-Повелбата на ЕУ, усвоена на Самитот на европските лидери во Берлин, а во контекст на проширувањето на ЕУ и перспективите на Македонија за полноправно членство, повеќето медиуми констатираат дека Македонија не ги спроведува реформите навреме и дека заради тоа не може да обезбеди датум за започнување на преговори. Според овие медиуми, Владата е одговорна за ваквиот неуспех на Македонија во евроинтеграциите:„Владата не презеде ништо за да го подобри впечатокот за Македонија пред ЕУ, освен само што постојано додава уште по едно ново ветување“.

Ова се само дел од констатациите на континуираниот квалитативен мониторинг на медиумите во Македонија – „Медиумското огледало“, кој го спроведува НВО Инфоцентарот, а кој се однесува на јуни годинава. Во набљудувањето се опфатени шест дневни весници и шест ТВ куќи на национално ниво: „Вечер“, „Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“,„Шпиц“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“, ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“.

Mediumsko ogledalo juni 2007 (333KB)

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top