Со поддршка на проектот Пристап до правда во Македонија, здружението 8-ми СЕПТЕМВРИ од Скопје доби решение за давање на овластување од Министерството за правда за давање на претходна правна помош. Со тоа, се рашири мрежата на здруженија за давање претходна правна помош, која е дел од проектот Пристап до правда во Македонија чија цел е да се унапреди и промовира правото на бесплатна правна помош и да се овозможи пристапот до правдата за сите граѓани во државата, без оглед на нивните (материјални) можности.
Од февруари 2014 година, од кога започна да се реализира овој проект, мрежата има обезбедено бесплатна правна помош на преку 280 граѓани. Со тоа мрежата континуирано работи на подобрување и унапредување на системот на бесплатна правна помош. При тоа, една од целите на проектот е да се застапува за јакнење на позицијата на здруженијата во системот на бесплатна правна помош, за чија неопходност сведочат и податоците за бројот на граѓани кои се обратиле за помош до здруженијата.
Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската Унија. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество-Македонија, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници-Скопје, Национален ромски центар-Куманово, Младински културен центар-Битола, Ехо-Штип, Избор-Струмица и 8-ми Септември- Скопје.
извор: http://pristapdopravda.mk/