SMD

УСАИД: Водич за користење социјални медиуми

на јул 2, 14 • од

Публикацијата „Социјални мрежи: Водич за засилување на граѓанското општество“е изработена со цел да ги подучи невладините организации како успешно да комуницираат преку социјалните медиуми. Водичот нуди преглед на добри практики кои може да се употребуваат за покренување важни теми и дебати на прашања од интерес за граѓаните преку социјалните медиуми...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » УСАИД: Водич за користење социјални медиуми

Во чест на Денот на социјалните медиуми 2014, УСАИД објави водич за користење на социјалните медиуми, наменет за граѓански организации.

Публикацијата „Социјални мрежи: Водич за засилување на граѓанското општество“е изработена со цел да ги подучи невладините организации како успешно да комуницираат преку социјалните медиуми.

Водичот нуди преглед на добри практики кои може да се употребуваат за покренување важни теми и дебати на прашања од интерес за граѓаните преку социјалните медиуми. Со оглед на фактот што социјалните медиуми брзо се менуваат, публикацијата не се концентрира кон индивидуална социјална платформа, но, наместо тоа на организациите им нуди решение како да им пристапат на социјалните медиуми во целина без оглед која е платформата и како да ги постигнат своите програмски цели со користењето на овој медиум.

Направен е преглед на големите глобални платформи како Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб и Гугл+, со совети како да се користат овие мрежи, а зафатени се и социјални мрежи кои имаат регионален опфат. Се нуди и преглед за користење на аналитичките алатки со цел да се измери успехот во користењето на социјалните медиуми, а наведени се и главните индикатори за перформанси, кои е неопходно да се анализираат.

водичот се занимава и со прашањата за безбедноста и приватноста на интернет, и има листа на он-лајн алатки и ресурси, како и речник на речиси 90 термини кои се користат во сетот на социјалните медиуми.

Публикацијата од 85 страници во флип-бук верзија можете да ја најдете овде, а во ПДФ верзија можете да ја преземете овде.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top