Иницијативата Загрижени граѓани поради загадувањето во Скопје во своето денешно соопштение бара од Лилјана Поповска и од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) привремено затворање на скопската Железарница, заради загадувањето во Скопје.
„Доколку во рок од 48 часа Вие како коалиционен партнер во владата на Република Македонија и вашиот заменик министер за животна средина не издејствувате привремено затварање на фабриката Железара се до поставувањето на еколошките стандарди, очекуваме од Вас да ја напуштите владината коалиција во рок од 24 часа од изминувањето на дадените 48 часа. Во спротивно граѓаните поддржувачи на оваа иницијатива Ви порачуваат дека нема да бидете добредојдени на нашите протести“ се вели во соопштението.
ДОМ е единствена политичка партија во Македонија која своите политики ги гради врз т.н. „зелена визија“, а присутни се во сите парламентарни состави од 2006 година навака.