966215_10152410982792044_3234965135107906374_o

Тркалезна маса „Дали фашизмот е победен во Македонија?“

на мај 8, 14 • од

Тркалезната маса по повод 9 мај, „Денот на победата над фашизмот“, во организација на „Фронтот за слобода на изразување“ ќе се одржи утре, 9 мај 2014 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 12 часот. Во многу земји во Европа 9 мај се одбележува како Ден на победата (над фашизмот) или како „Ден на Европа“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Тркалезна маса „Дали фашизмот е победен во Македонија?“

Тркалезната маса по повод 9 мај, „Денот на победата над фашизмот“, во организација на „Фронтот за слобода на изразување“ ќе се одржи утре, 9 мај 2014 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 12 часот.

Во многу земји во Европа 9 мај се одбележува како Ден на победата (над фашизмот) или како „Ден на Европа“. Но, дали фашизмот е победен во Европа или повторно „воскреснува“ во неофашистичките и неонацистичките групи и партии (како што се „Златна Зора“ – Грција, „Џобик“ – Унгарија) или во ултранационалистичките партии (како „Атака“ во Бугарија)?

На прашањето „Дали фашизмот е победен во Македонија?“ ќе дискутираат: Уранија Пировска, Џабир Дерала, Ирена Цветковиќ, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Џељо Хоџиќ и Жарко Трајаноски (модератор)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top