8090351628_369d7b5812_z

ТМ: Финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во спротивност со Изборниот Законик

на јун 12, 14 • од

Транспарентност Македонија во мајскиот извештај кој се однесува на финансирањето на политичките партии, забележува дека на сметката на ВМРО-ДПМНЕ постои одредено штелување на добиените финансии за претседателските и парламентарните избори одржани годинава...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » ТМ: Финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во спротивност со Изборниот Законик

Транспарентност Македонија (ТМ) во мајскиот извештај, кој се однесува на финансирањето на политичките партии, забележува дека на сметката на ВМРО-ДПМНЕ постои одредено штелување на добиените финансии за претседателските и парламентарните избори одржани годинава.

„За практично два дена, во периодот од 21 до 23 мај, на претседателската изборна сметка се внесени 260.000 евра, што е дури 30 отсто од претходно собраните 770 илјади евра. Во Конечниот извештај, исто така, е известено дека во пост-изборниот период се направени расходи од речиси 110.000 евра. Така, со измените на состојбата на претседателската изборна сметка, салдото покажува минус од 130.000 евра“, се вели во извештајот на ТМ. Кога ќе се пресмета износот што државата треба да ѝ го плати на ВМРО-ДПМНЕ за секој освоен глас на претседателските избори, се доаѓа до износот од 8.023.650 денари (130.000 евра) или колку што точно изнесува минусот известен во Конечниот финансиски извештај!“ – стои во извештајот на ТМ. Со ваквиот потег, владејачката партија направила флагантно кршење на Изборниот законик, сметаат во ТМ.

За аферата со продажбата на Македонска банка, од ТМ сметаат дека единствено премиерот Никола Груевски можел да одобри продажба на акциите, бидејќи во тој период банката била под контрола на ВМРО-ДПМНЕ а Груевски бил нивни лидер.  „Дури и да не се занимаваме со автентичноста на објавените снимки од телефонските разговори, сите индиции укажуваат дека Груевски е еден од оние што зборуваат на нив. Фактите сепак зборуваат дека акциите на „Македонска банка“ биле под контрола на ДПМНЕ во сите тие години, а Груевски, како лидер на партијата, бил единствениот кој можел да одобри продажба на акциите“, велат од ТМ.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top