Илјадници граѓани на Тетово во континуитет излегуваат на улица и протестираат против загадувањето на воздухот во нивниот град. Тие бараат надлежните институции веднаш да преземат мерки за намалување на загадувањето. Аријанит Џафери од граѓанската организација „Еко герила“ која е и еден од организаторите на протестите, ги истакна барањата на тетовци: веднаш да запре производството во „Југохром“ се додека не се постават филтри за прочистување, депонијата да се дислоцира под итно и да се воведе режим во сообраќајот. Доколку овие мерки не будат преземени најдоцна до 25 декември 2015 година, граѓаните најавија дека локалните власти и надлежените институции ќе се соочат со уште поголем гнев на граѓаните кој нема да запре се до моментот на прочистување на воздухот.
Фото: ФБ на Дамир Незири
