Центарот за развој на медиуми, на 2 април 2015 година, четврток, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2), во Скопје, со почеток во 11 часот, организира двочасовна дебата на тема: Каков медиумски систем ѝ е потребен на Македонија
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) потсетува дека новинарите не се одговорни за начинот на кој нивните извори ги добиле податоците, вклучително и податоци што произлегуваат од неовластено следење на комуникациите. ЦРМ ги повикува новинарите во известувањето за случајот „Пуч“ да не го запостават јавниот интерес
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и НВО Инфоцентарот сметаат дека одлуката на Апелациониот суд, новинарот Томислав Кежаровски да биде осуден на две години затворска казна, претставува директна закана за новинарите, и директно загрозување на слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија
Види повеќе »Во овој речиси двегодишен период, ЦРМ во Основниот суд Скопје 2 Скопје, набљудуваше 74 судски случаи (во кои се вклучени новинари, но и државни функционери и политичари), во околу 350 рочишта. Дури 16% од вкупниот број мониторирани процеси се тужби на новинари против новинари, уредници и медиуми. Во 7 случаи како тужител се јавува Драган Павловиќ-Латас, а во останатите 5, како тужител се јавува Ивона Талевска
Види повеќе »Според годишниот финансиски план, АВМУ планира да инкасира еден милион денари од камати во тековната година. ЦРМ потсетува дека Агенцијата во неколку наврати во текот на 2014 година, орочуваше средства, но дискусијата и одлуките за тоа се одвиваа зад затворени врати и надвор од очите на јавноста односно јавноста не знае во кој износ, во која банка и под кои услови се орочени средствата на АВМУ
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 18 декември (четврток) 2014 година, во Клубот на новинарите, во 11 часот, ќе организира прес-конференција на која ќе бидат претставени „Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите“. Принципите за фер употреба се документ за саморегулација на интернет медиумите, кој претставува одговор на горливото прашање на секојдневното користење туѓи авторски дела во известувањето на медиумите и непочитувањето на авторското право и сродните права. Овие принципи се засновани на начелата на доктрината за „фер употреба“, на одредбите од Законот за авторското право и сродните
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), денеска, го објави и го промовираше второто изменето и дополнето издание на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми
Види повеќе »Во организација на Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 11 декември, во Клубот на новинарите ќе се одржи промоцијата на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми. настанот ќе започне во 12 часот
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на проектот наУСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 4 декември (четврток) 2014, во хотелот Стоун Бриџ, со почеток во 11.00 часот, организира дебата: „Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија“ На оваа дебата ќе биде претставен истоимениот документ на ЦРМ за јавна политика чиј автор е комуникологот д-р Климе Бабунски. Дискусијата која ќе биде посветена на потребата од независен јавен радиодифузен сервис во Македонија, ќе ја модерира новинарката Санта Аргирова, а панелисти ќе бидат Снежана Трпевска, од Високата школа за новинарство
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во периодот од март до јули 2014 година, следејќи ја примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Законот за медиуми (ЗМ), ја набљудуваше работата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на Собранието на Република Македонија, на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), како и на Македонската радиотелевизија (МРТ)
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics