Една недела по прогласувањето „Автономна зона“ на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, бојкотот на наставата се прошири низ Универзитетот „Кирил и Методиј“. Од Студентскиот пленум известуваат дека во текот вчерашниот ден бојкот на настава се случил и на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет и Архитектонски факултет. На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, во знак на поддршка не се реализира настава. На
Види повеќе »Со отворањето на Седмиот студентски пленум, денеска на пладне, илјадници студенти прогласија „Автономна студентска зона“. Почнувајќи од Филозофскиот факултет, студентите , еден по еден ги окупираа факултетите во кампусот на Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Студентите ги окупираат Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот и Правниот факултет и го ставија Универзитет под студентска контрола. Ваквата окупација ќе функционира паралелно со Универзитетот „Кирил и Методиј“, а истовремено ќе вршат притисок врз надлежните служби додека комплетно не се исполнат нивните барања за реформите во високото образование
Види повеќе »Студентскиот пленум повикува на протест и во Битола. Протесниот марш ќе започне во 14 часот, пред Техничкиот факултет во Битола
Види повеќе »Утре, точно на пладне, во Скопје и во Битола, ќе започне вториот студентски марш против воведувањето државно тестирање на универзитетите
Види повеќе »Студентите при факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола сакаат да ги потсетат одговорните на факултетите дека тие што го спречуваат одржувањето на студентскиот пленум во просториите на овие високообразовни институции, всушност постапуваат незаконски и го кршат членот 150 од Законот за високо образование
Види повеќе »Уморни сме од оваа излишна реторика, која се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегитимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати нивото на академскиот дискурс кој се базира на критичност и аналитичност, а не на лични дисквалификации и етикетирање
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics