Во публикација се поместени четирите анализи посветени на: комуникациските методи, алатки и пораки на извршната власт; комуникацијата на Владата во случајот „Македонска банка“; говорите на премиерот Никола Груевски и владините медиумски кампањи, спроведени во текот на 2014 година, во рамките на проектот „Владата информира или пропагира?“
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во рамките на својата програма за мониторинг на комуникацијата на извршната власт со граѓаните, подготви анализа на кампањите посветени на семејните вредности и на меѓуетничата и меѓурелигиската толеранција
Види повеќе »Третиот извештај од мониторингот на владините односи со јавноста, насловен како „Кој е народот на Груевски?“ претставува дискурзивна анализа на популизмот во говорите и јавните настапи на премиерот и првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски
Види повеќе »Анализита на соопштенијата, реакциите, интервјуата и содржините објавени во медиумите, а креирани во Владата и владејачката партија, и овој пат, недвосмислено покажуваат дека комуникацијата на власта со јавноста не е во насока на информирање на граѓаните, туку е исклучиво во насока на убедување на граѓаните дека владата, а особено нејзините први луѓе, се успешни и безгрешни, односно власт на која не можат и не смеат да ѝ се припишат неуспеси, скандали и афери
Види повеќе »Анализата на содржините објавени во медиумите, а креирани во Владата, недвосмислено покажува дека во комуникацијата на извршната власт со јавноста, информирањето на граѓаните за политиките од јавен интерес, не е во преден план. Оваа комуникација е примарно во насока на убедување на граѓаните дека Владата е „успешна и безгрешна“, односно дека е „тефлон“ - извршна власт на која не се лепи ниту една грешка, ниту еден неуспех, ниту еден скандал, а во која успешно се „готват“ и спроведуваат политики по мерка на секој граѓанин. Законската обврска за информирање на јавноста е претворена во пропагандно - индоктринирачка активност, чија главна цел е создавање позитивен имиџ за власта, како во медиумите, така и во јавноста
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics