Крајно неприфатливо е институциите и лицата кои се надлежни за образованието и развојот на младите луѓе во државата, да се однесуваат игнорантски и инквизиторски спрема 18.000 средношколци. Нивната академската иднина никој нема право да ја користи како средство за уцена и закана
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и НВО Инфоцентарот сметаат дека одлуката на Апелациониот суд, новинарот Томислав Кежаровски да биде осуден на две години затворска казна, претставува директна закана за новинарите, и директно загрозување на слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија
Види повеќе »Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“
Види повеќе »Пописот е исклучително значајна и суштинска статистичка операција која Македонија мора да ја спроведе. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето на успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список
Види повеќе »Како дел од активностите за одбележување десетгодишнината од своето постоење, НВО Инфоцентар организираше промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“,од авторите Ричард Пол и Линда Елдер
Види повеќе »Анализата „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ е обид да се утврди дали и колку Македонската телевизија ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал
Види повеќе »© 2025 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics