Според годишниот финансиски план, АВМУ планира да инкасира еден милион денари од камати во тековната година. ЦРМ потсетува дека Агенцијата во неколку наврати во текот на 2014 година, орочуваше средства, но дискусијата и одлуките за тоа се одвиваа зад затворени врати и надвор од очите на јавноста односно јавноста не знае во кој износ, во која банка и под кои услови се орочени средствата на АВМУ
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во периодот од март до јули 2014 година, следејќи ја примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Законот за медиуми (ЗМ), ја набљудуваше работата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на Собранието на Република Македонија, на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), како и на Македонската радиотелевизија (МРТ)
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, за време на претседателските и вонредните парламентарни избори 2014, спроведе мониторинг на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК). Мониторинг тимот на ЦРМ, ги следеше седниците на АВМУ и на ДИК, со посебен фокус на точките кои се однесуваа на радиодифузните медиуми и изборниот процес
Види повеќе »Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) навлегува во независната уредувачката политика на радиодифузерите во Република Македонија
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics