Студентскиот пленум по повод 17 ноември – меѓународниот ден на студентите, повикува на голем студентски марш, преку кој ќе се обидеме да го произнесеме ставот на студентите околу најавените реформи во високото образование.
Студентскиот марш се организира со идеја обединување на студентското тело во Македонија, потенцирање на проблемот околу (не)репрезентативноста на СПУКМ и поттикнување на студентскиот активизам. Во таа насока Студентскиот пленум го повикува секој студент кој што се чувствува обесправен да земе учество во овој марш и со тоа да го покаже своето несогласување со најавената реформа.
Студентскиот пленум апелира студентскиот марш да биде мирен, со што ние како идни академски граѓани би го изразиле нашиот демократски капацитет. Исто така Студентскиот пленум смета дека на маршот секој треба да маршира како студент, а не како партиски полтрон, па затоа апелира секој присутен да се повикува на својата единствено значајна книшка- индексот!