1

Средношколскиот пленум го осудува притисокот врз средношколката Илина

на јан 28, 16 • од

Средношколскиот Пленум смета дека намалувањето на поведението заради критички статус на Фејсбук претставува обид за газење на слободната и критичка мисла и амортизација на револтот од лошите реформи во образованието...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Средношколскиот пленум го осудува притисокот врз средношколката Илина

Средношколскиот Пленум најостро го осудува обидот за цензура и притисок врз средношколката Илина Димовска од Велес, со што за лично искажан став на социјалната мрежа „Фејсбук“ управата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, вонпроцедурално и изрекува педагошка мерка – незадоволително поведение.

Ваквиот чин на училиштето со кој казната се изрекува без записник, без совет чија одлука ќе биде доставена и потпишана дo родителите на ученикот, го сметаме за крајно недостоен за воспитно – образовна институција и спротивен на постапката за изрекување на педагошки мерки. Управата на училиштето, со ваквиот чекор, дрско посегнува по „слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата“, загарантирана со Устав, со што се врши класичен обид за цензура и притисок, при што дополнително, на средношколката и се оневозможува и правото на претставки и жалби.

Оттука, за вонпроцедурално изречената педагошка мерка, за злоупотребата на моќта на управата на улилиштето, и за кршење/ускратување на правата на средношколката, итно бараме одговорност од надлежните и поништување на незаконски изречената казна!

Средношколскиот Пленум изразува јасна и недвосмислена поддршка за средношколката Илина Димовска од Велес, додека пак ваквиот чин на управата несомнено го вбројуваме во листата на неуспешни обиди за газење по слободната и критичка мисла и амортизација на револтот од лошите реформи во образованието.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top