studentski-izbori-2016.pg

СПУКМ украде гласачки кутии – пленумците во решитeлнa битка против насилниците и нерегуларностите

на јун 30, 16 • од

Членовите на Студентскиот парламент се наоѓаат во домот „Кузман Јосифовски Питу“, каде што се донесени украдените кутии и ги повикуваат сите студенти и граѓани да им се придружат...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » СПУКМ украде гласачки кутии – пленумците во решитeлнa битка против насилниците и нерегуларностите

Изборите организирани од Студентскиот парламент (СПУКМ) на факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одвиваат во целосно нерегуларна и насилна атмосфера.

Како што информираат Студентскиот пленум и медиумите, претставници на Студентскиот парламент во спрега односно со помош на надворешни лица (се претпоставува дека станува збор за членови на ВМРО-ДПМНЕ) попладнево насилно украле четири избирачки кутии од неколку факултети меѓу кои и од Правниот. Оваа постапка е во целосна спротивност со статутот на СПУКМ според кој гласачките кутии се отвораат на факултетите, а пребројувањето на гласовите треба да биде јавно. А1он и другите медиуми објавија снимка од инцидентот со гласачката кутија на Правниот факултет.

На овие инциденти им претходеше тензична и на моменти насилна атмосфераа, а пленумците постојано им укажуваа на претставниците на Студентскиот парламент дека изборите се нерегуларни и дека не треба да се одржат. Тие, меѓу другото, укажуваа на тоа дека нема паравани на гласачките места, како и дека се забележани организирани гласања на како што велат, членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Студентскиот пленум ги бојкотираше изборите:

„Зошто бојкотираме? За да го вратиме највисокото претставничко тело во рацете на студентите! Овие избори се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени лете, надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот“, пишува на страницата. „Студентски пленум“ денеска на својата страница предупреди и дека можно е од другите градови да се носат студенти кои ќе гласаат. „Ако е ова точно, малтретирањето на студентите за лични интереси претставува зенит на дрскоста и на самоволието. Затоа ве замолуваме доколку забележите нешто што изгледа сомнително додека сте на факултет или во близина, сликајте го и изпратете ни ја сликата. Анонимноста е загарантирана и однапред ви благодариме на сите!“, предупредуваат од пленумот.

Во моментов, членовите на Студентскиот парламент се наоѓаат во домот „Кузман Јосифовски Питу“. Тие ги повикуваат сите студенти и граѓани да им се приклучат, затоа што, како што пишуваат, членови на СПУКМ, заедно со припадници на специјалните полициски сили, насилно ги грабнале гласачките кутии од денешните избори и ги донеле во овој студентски дом.

Шарената револуција, Професорскиот пленум и граѓаните се упатуваат кон „Питу“ за да им дадат поддршка на пленумците.

Фото: Факултети.мк

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top