unnamed (2)

Мониторинг на медиуми „Време е за ЕУ“: Спорот за името најприсутна тема во 2009

на дек 28, 09 • од

Медиумите голем дел од содржините му ги посветија на прашањето за името. Медиумите интензивно ги пренесуваа пораките и изјавите на претставниците на меѓународната заедница, а пред се на претставниците на ЕУ, го анализираа и коментараа влијанието на спорот за името врз добивањето датум за пристапни преговори и отворено се залагаа за решавање на спорот во интерес на европската [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиуми „Време е за ЕУ“: Спорот за името најприсутна тема во 2009

Медиумите голем дел од содржините му ги посветија на прашањето за името. Медиумите интензивно ги пренесуваа пораките и изјавите на претставниците на меѓународната заедница, а пред се на претставниците на ЕУ, го анализираа и коментараа влијанието на спорот за името врз добивањето датум за пристапни преговори и отворено се залагаа за решавање на спорот во интерес на европската иднина на Македонија.

Анализата на мониторираните написи во медиумите ни овозможува со сигурност да констатираме дека медиумите, т.е. новинарите беа единствените кои во овој период иницираа дебата за прашањето за името и придонесоа граѓаните да добијат повеќе информации за ставовите на различните политички фактори во земјава и во ЕУ, и покрај тоа што официјалните информации за тоа како течат преговорите за името и што всушност се преговара беа многу ограничени.

Во периодот пред објавувањето на Извештајот на ЕК за 2009, спорот за името беше спомнувано како една од причините поради кои Македонија може да не добие препорака за почеток на преговори или дека нерешениот спор за името може, во најмала рака, да влијае врз добивањето „условена препорака“. Во овој период, исто така, некои медиуми констатираа дека ставот на Владата во однос на билатералниот спор со Грција почнува да омекнува: „И други симптоми укажуваат дека власта попушта во непоколебливата битка за името и дека бара начини како да им го соопшти тоа на граѓаните со минимални последици за својот рејтинг“.

Голем дел од содржините во медиумите, кои беа предмет на набљудување се однесуваа и на најавуваниот референдум за името, како и за евентуалната содржина на референдумското прашањеРазлични медиуми различно ги анализираа и се осврнуваа на овие прашања. Некои од медиумите блиски до владејачката структура даваа предлози за тоа како треба да тече процесот на преговори со Грција и отворено ја заговараа потребата за организирање референдум за името.

Визната либерализација, исто така, доминираше во информирањето на медиумите во периодот август – октомври 2009. Медиумите информираа за македонското засилено лобирање за поддршка од европските држави за добивање визна либерализација и датум за преговори со ЕУ. Особено зголемено присуство на информации имаше во пресрет на дискусијата на Европскиот паралемент за визната либерализација.

Спорот за името најприсутна тема во 2009

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top