Претставници на граѓанскиот сектор од општина Струмица и членки на Платформата „Граѓанска демократија“ (ГД), остро го осудуваат однесувањето на членовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
На вчерашната прес-конференција на советничката група, граѓанска активистка го прекина настанот и праша за парцелите на премиерот Никола Груевски. Наместо одговор, таа доби вербален и физички напад од страна на советниците и тоа пред медиумите, реагираат од Платформата.
„Со тоа на дело се докажува недемократскиот капацитет на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и немањето чувство за прашањата кои што ги поставува граѓанскиот сектор од Струмица. Очигледно матрицата по која работи ВМРО-ДПМНЕ не признава различни мислења, ниту пак поставување „незгодни“ прашања.“ стои во соопштението од ГД.