za web

Со дебата во Тетово започна кампањата „Попис веднаш“

на јун 2, 14 • од

Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“...
Pin It

Home » Активности » Со дебата во Тетово започна кампањата „Попис веднаш“

Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.

На дебатата „ Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“ , организирана со цел  да се поттикне јавната расправа за итно одржување на деполитизиран попис, говореа Љупчо Петковски од МЦЕО, Д-р Салајдин Салиу од Државниот универзитет во Тетово, Афердита Хаџијаха Имери од регионалната организација „Лабораторија за општествени иновации“.

Афердита Хаџијаха Имери истакна дека пописот во една држава е важен бидејќи служи како основа за креирање на политиките и регулативите во една држава. Според неа, пописот не треба да се гледа низ етничката призма, туку како збир од податоци врз кои се определуваат параметрите за развој на државата.

Професорот Салиу посочи дека е неопходно да се спроведе итен попис. За него, пописот во 2011 година пропадна од политички причини. „Како и на сите проблемите, така и на проблематиката со пописот се става етнички предзнак што е во корист на политичките елити, а не е во функција на решавање на проблемите на граѓаните“, истакна Салиу.

Присутните гости на трибината побараа итно спроведување деполитизиран попис, лобирање кон институциите и јавна дебата за ова прашање.

Настанот е дел од кампањата  „Попис веднаш“ во чии рамки ќе бидат организирани неколку дебати низ Македонија. наредната е закажана за 4 јуни 2014, во х. Тивериопол во Струмица.

Проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“ го спроведуваат НВО Инфоцентар, заедно со Македонскиот центар за европско образование, Центарот за развој на медиуми, 8-ми Септември со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top